Ангеловски: Жал ми е што не се пласиравме во Б-дивизија, ама важно одиме на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вечерва беше поразен од Ерменија со 0-1 во мечот на Кипар и така испуштивме шанса да се пласираме во Б-дивизијата, иако и бод ќе ни завршеше работа за такво нешто.

Селекторот Игор Ангеловски по поразот кажа дека жали затоа што сме загубиле и нема да играме во Б-дивизија, но сепак најважното е остварено, а тоа е пласманот на Европското првенство (ЕП).

„Жал ми е што не се пласиравме во Б-дивизија. Денеска главно беше што не ги искористивме шансите во првото полувреме, а и примивме наивен гол. Не сме задоволни од тоа што го видовме на теренот, меѓутоа мораме да ги сфатиме фудбалерите кои одиграа три натпревари во седум дена. Меѓутоа треба да се каже и дека и главната цел ја исполнивме пред неколку дена, се пласиравме на Евро“, кажа Ангеловски.