Англичаните добиваат уште еден гигант: Арапи купуваат клуб од Премиерлига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роднината на газдата на Манчестер сити, милијардерот Шеик Калед бин Зајед Ал Нехајан е заинтересиран да го купи Њукасл од сегашниот сопственик Мајк Ешли.

Сите неопходни документи се потпишани, а англискиот клуб би требало да биде продаден за 350 милиони фунти.

Ал Нехајан е член на кралското семејство во Абу Даби, а минатата година се обиде да го купи Ливерпул за две милијарди фунти.

Ешли веќе 12 години го предводи тимот, кој за тоа време имаше неславни периоди, како што беа испаѓањата од Премиерлигата двапати.

Сегашниот газда се обиде неколку пати да го продаде клубот, но тоа беше неуспешно, па конечно навивачите ќе добијат шанса да го видат нивниот тим во врвот на фудбалот во Англија.