Англичаните масовно потпишуваат петиција за укинување на ВАР!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По низа, во најмала рака, сомнителни одлуки кои се донесени со новата судиска технологија, навивачите ширум Островот кренаа глас против ВАР.

Онлајн петицијата која ја започнаа навивачите за релативно краток период веќе собра преку 2000 потписи, а се очекува таа бројка да биде значително зголемена.

ВАР технологијата оваа сезона почна да се користи и во Премиер лигата, меѓутоа нејасно е дефиниран начинот на користење на истата кој е причина за незадоволство меѓу навивачите на клубовите кои на овој начин го изразија незадоволството.

Хаштагот #varout на Твитер овие денови е еден од најпопуларните.

Чекор понатаму отиде и легендарниот навивач Гери Линекер кој на Твитер постави прашање дали треба да се укине ВАР.