Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Водечките фудбалери на англиската Премиер лига пронајдоа начин да ја завршат тековната сезона на најсилната фудбалска лига во светот, според угледниот Индипендент.
Крајот во Премиер лигата треба да изгледа како Светско првенство, бидејќи клубовите ќе престојуваат во изолирани кампови лоцирани во центарот на Англија и Лондон.
Како што стојат работите сега средбите ќе се играат без присуство на публиката, а клубовите се заинтересирани за идејата за „кампување надвор“ по огромното интерес на носителите на ТВ-права за сезоната да заврши.
Планот е преостанатите 92 средби да се играат во јуни и јули и да бидат пренесувани во живо во текот на двата летни месеци. Британската влада, наводно, ја поддржала оваа идеја.
Екипите би останеле во одделни хотели подалеку од семејството бидејќи тоа ќе го намали ризикот од ширење вирус Ковид-19. Се очекува дека за два месеци системот за тестирање ќе биде усовршен, што исто така би било од голема корист во овој случај.
Организаторите на германската Бундеслига и шпанската Ла Лига размислуваат за сличен модел на сезоната како кошаркарската лига во НБА.