Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако проектот со Капело во минатата деценија не успеа, ФА повторно гледа кон Апенините.
Според сознанијата на респектабилниот Гардијан, најголема желба за испразнетата позиција селектор на Гордиот Албион е Роберто Манчини.
Неговата работа на островот е окарактеризирана како успешна, во текот на четири години на кормилото на Манчестер Сити освои Премиер лига и ФА куп.
На Манчини остана уште година дена од договорот со Интер, но се појавија шпекулации дека наскоро може да ги напушти „Нероаѕурите“ бидејќи новите сопственици на клубот наводно сакаат ново лице на местото тренер на екипата.
Заговорниците на идејата е Манчио да дојде на местото селектор на Англија со техничкиот директор на ФА Ден Ешворд, потпретседателот на Дејвид Гил и извршниот директор Мартин Глен.
Освен Манчини како потенцијални наследници на Рој Хоџсон, кој замина од кормилото после новите разочарувачки резултати на големи натпреварување, се споменува Јирген Клисман, Сем Олердајс, Роберто Мартинез, Арсен Венгер, како и селекторот на У21 репрезентацијата и поранешен репрезентативец на Англија Герет Саутгејт.
Англија мора да го реши прашањето на нов селектор до септемврик кога почнувааат квалификациите за Мундијалот кој ќе се одржи во Русија во 2018 година.