Англиски „Гол“: Интер го купува Ракитиќ за 50 милиони евра

Англиските медиуми пишуваат дека Интер летово ќе го реализира трансферот на Иван Ракитиќ од Барселона за сума од 50 милиони евра.

Медиумите пишуваат дека Интер е решен во својата намера да го стигне Јувентус на табелата и да бидат во конкуренција за титулата во Серија А наредната сезона.

Ракитиќ би бил важно засилување за екипата, а покрај него, Интер ќе се обиде да го ангажира и Антонио Конте, кој би требало да го замени Лучано Спалети како тренер.

Хрватот во Барселона освои четири титули во првенството, четири Купа и една Лига на шампиони. Може да се додаде и дека ќе освои уште еден трофеј, најверојатно, доколку ја победат Валенсија во финалето на шпанскиот Куп.