Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Валтер Зенга во саботата стана нов менаџер на Вулверхемптон.
Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Палермо и Сампдорија не му требаше многу да го доведе првото засилување, а се работи за играчот за врска Жоао Тешеира.
Овој 22-годишен во минатата сезона одигра 19 натпревари за португалскиот шампион, а во Вулверхемптон стигна на едногодишна позајмица.
Вулверхемптон во новата сезона има намера да се врати во Премиер лигата и се чини дека новите сопственици имаат големи амбиции.
Да потсетиме, овој клуб неодамна го купи кинеската компанија Фосун Интернационал, а се смета дека таа инвестиција била вредна 30 милиони фунти.