Англиски второлигаш се засили од Бенфика


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Валтер Зенга во саботата стана нов менаџер на  Вулверхемптон.

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Палермо и Сампдорија не му требаше многу да го доведе првото засилување, а се работи за играчот за врска Жоао Тешеира.

Овој 22-годишен во минатата сезона одигра 19 натпревари за португалскиот шампион, а во  Вулверхемптон стигна на едногодишна позајмица.

Вулверхемптон во новата сезона има намера да се врати во Премиер лигата и се чини дека новите сопственици имаат големи амбиции.

Да потсетиме, овој клуб неодамна го купи кинеската компанија Фосун Интернационал, а се смета дека таа инвестиција била вредна 30 милиони фунти.