Англискиот напаѓачки двоец желба на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона веќе подолг период бараат напаѓач кој долгорочно ќе го замени Луис Суарез во тимот.

„Каталонците“ веќе донесоа неколку офанзивци во кои се полагаше голема надеж, но очигледно е дека наследникот на Суарез ќе мора да го побараат во друг клуб затоа што играчите како Дембеле и Кутињо не ги оправдаа очекувањата.

Сега, според „Мундо Депортиво“ од таборот на Барселона ќе се насочат кон ангажман на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед или Хари Кејн од Тотенхем. Според медиумот едно е јасно, Нејмар тешко дека ќе се врати на „Камп Ноу“ во блиска иднина.