Англиското чудо од дете урна рекорд стар пола век во Бундеслигата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејдон Санчо на 19 години и 151 ден постигна гол за Борусија Дортмунд против Келн и така во 70. минута од мечот од второто коло се запиша во историјата на Бундеслигата.

Фантастичниот англиски фудбалер така стана најмлад фудбалер, откако се игра Бундеслигата во која постигна 15 гола. Со погодокот против Келн го урна рекордот на Хорст Копел од 1967 година, зашто Санчо од него е помлад 34 дена.

Во Дортмунд пристигна во 2017 година од Манчестер сити за „само“ осум милиони евра и во првата сезона постигна еден бундеслигашки гол, а минатата сезона постигна 12 гола.