Анри: Ливерпул е шампион, прашање е на време кога ќе ја обезбеди титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тиери Анри тврди дека Ливерпул е новиот шампион.

Ливерпул со победата на Лестер стигна на +13 по 18 кола Редси имаат 17 победи и едно реми.

Тешко е за очекување дека ќе се случи титулата да не пристигне на Енфлид, а така мисли и поранешниот играч на Арсенал Тиери Анри.

“Кога гостуваат во Лестер и издвојуваат победа на ваков начин, тогаш веќе не се поставува прашање дали ќе бидат, туку кога ќе станат шампиони”, изјавува Анри, додавајќи:

“Не треба да бидеш посебно интелигентен па да забележиш дека Ливерпул се супериорни во однос на ривалите и верувам дека можат да останат непоразени. Ќе потенцирам, не поради Арсенал и нашиот успех, туку поради тоа што ќе биде неверојатен успех.”