Анте Гаџа дефинитивно се сели во Вардар: Прифатив повик од Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анте Гаџа за хрватските медиуми кажа дека конечно биле решени компликациите и ќе се пресели во Вардар наскоро.

Хрватскиот ракометар го напушта ППД Загреб и ќе ја продолжи својата кариера во Вардар, кој веќе долго време го посакува.

„Вардар бараше некој на моја позиција по заминувањето на Сташ Скубе. Го контактираа мојот менаџер и тој ме праша дали сакам да заминам во Македонија. Секако дека го прифатив повикот. Тие се европски шампиони и се надевам дека ќе напредувам во мојата кариера. Многу ракометари останаа во клубот и ќе се обидеме да ги оствариме барањата на газдата“, изјави Гаџа за „24сата.хр“.