Антетокумпо го предводеше Милвоки до победа против ЛА Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа се одиграни четири натпревари од НБА лигата, а дербито го одиграа Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс.

Покрај овој натпревар, играа и Атланта Хокс против Јута Џез, Сан Антонио Спарс против Бруклин и ЛА Клиперс против Хјустон Рокетс.

Јута Џез оствари победа на гостувањето кај Атланта Хокс. Првото полувреме подобро го одигра домашната екипа, која имаше тесно водство од 56:52.

Во вториот дел гостите заиграа подобро и на крај стигнаа до пресврт од 111:106.

Сан Антонио на домашен терен оствари сигурна победа против Бруклин Нетс. Иако гостите имаа водство по првото полувреме, домашната екипа запиша победа од 118:105.

Хјустон Рокетс на гостувањето кај Клиперси запиша победа. Домашната екипа важеше како благ фаворит, но гостите ја запишаа победата од 122:117.

Во дербито на вечерта Милвоки на свој терен оствари победа против ЛА Лејкерс. Ни фантастичната вечер на Дејвис и Џејмс кои заедно запишаа 57 поени, не им помогна на Лејкерс.

Милвоки оствари победа од 111:104, а до победа ги предводеше Антетокумпо кој оствари 36 поени, 10 скокови и пет асистенции.