Антони: Учам од критиките, допрва доаѓа моето време!

Бразилскиот фудбалер Антони доби голем број критики во изминатите месеци затоа што не ги оправда очекувањата по пристигнувањето нд Ајакс.

Антони, сепак, вели дека допрва доаѓа неговото време и ќе покаже зошто го купиле „ѓаволите“.

„Учам од критиките и напредувам. Работам за да се подобрам и да го покажам мојот потенцијал. Знам зошто ме купи Јунајтед, сакам да се оддолжам за сè. Си го исполнив сонот со доаѓањето во Манчестер“, кажа Антони.