Антони „заглави“ пет часа во полиција, но се враќа составот на „ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Антони се соочува со сериозни проблеми откако беше обвинет за насилство, па во вторникот завршил во полициска станица каде што останал пет часа.

Откако ги завршил обврските, Антони се ставил на располагање на тренерот Ерик Тен Хаг и ќе биде вклучен во составот за следните натпревари.

„Манчестер јунајтед реши да го врати Антони во тимот и да биде во составот додека трае полициската истрага. Ќе го следиме развојот на ситуацијата“, соопшти премиерлигашот.

„Ѓаволите“ утре од 16 часот ќе играат против Кристал Палас во седмото коло на Премиерлигата.