AO: Без поголемо изненадување против Мелцер – Федерер се пласираше во 2-ро коло!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Последниот натпревар од денешната програма во Мелбурн се одигра помеѓу Мелцер и Федерер.

Натпреварот започна со сите очи вперени во Федерер кој се врати на теренот на еден Грен Слем по долга пауза.

Првиот сет беше мирен се до 6-от гејм кога Мелцер успеа да ја искористи првата брејк топка во натпреварот и да му го одземе сервисот на Федерер. Во следниот гејм Федерер враќа со иста мерка и намалува на 4:3.

Во 9-от гејм Федерер прави повторно брејк и потоа со рутински сервис го освојува првиот сет со 7:5.

Вторито сет започна лошо за Мелцер. Уште на почетокот Федерер му го одзема сервисот водеше со 0:2 и 1:3, но потоа следуваше пад во играта за поранешниот најдобар тенисер во светот и два гејмови изгубени на свој сервис и благодарение на тоа Мелцер успеа да го освои 2-от сет со 6:3.

Третиот сет не беше многу возбудлив, Федерер го зголеми ритамот на игра и стигна до првиот брејк во 4-от гејм за водство од 1:3. Во продолжението добро сервираше, а во 8-от гејм успеа повторно да му го одземе сервисот на Мелцер и да да го освои 3-от сет со 6:2.

Четвртиот сет беше буквално истата приказна од 3-от сет. Брејк во 4-от и 8-от гејм за Федерер и успешен пласман во 2-ро коло на АО.

Таму ќе игра против Рубин кој беше подобар од Фратангело со 3:2 во сетови.