Арапи ќе го купат Челси од Абрамович за 2,7 милијарди фунти!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека европскиот и светски клупски шампион Челси наскоро би можел да добие нов газда, откако Роман Абрамович се соочи со санкции, па реши по брза постапка да го продаде клубот.

Новинарот на „Би-Би-Си“, Бен Џејкобс важи за голем навивач на „сините“ и откри дека Арапи планираат да инвестираат многу пари во Челси.

Неодамна во Њукасл пристигнаа нови газди од Саудиска Арабија, кои сакаат да инвестираат догодина многу пари за да создадат моќен гигант, а сега и Челси би можел да добие силни сопственици.

Абрамович мора да го продаде Челси поради ситуацијата во Велика Британија, каде што му е замрзнат целиот имот.