Леброн ќе паузира уште најмалку два меча, тоа му е најдолга низа во кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарниот King се повреди за Божиќ додека неговите Лејкерси играа против Голден Стејт, а тогаш се чинеше дека повредата на препоните не е толку сериозна.

Сепак, Леброн од тогаш пропушти дури 11 натпревари во кои неговиот тим забележа седум порази, а ќе пропушти најмалку уште две, рече неговиот агент Рич Пол.

Тоа значи дека Лејкерси без својата прва ѕвезда ќе играат против Оклахома Сити и Хјустон Рокетс на гости, а доколку новите прегледи кажат дека се е во ред, Леброн на паркетот би можел да се врати за натпреварот во Стејплс Центарот против Вориорси.

Инаку, оваа пауза му е најдолга во кариерата. Додека во сезоната 2014/15 кога играше за Мајами пропушти вкупно 13 натпревари, но тие не беа последователни. Во споменатата сезона поради една повреда пропушти осум последователни натпревари и тоа му е најдолг период пред овој. Сега сигурно ќе пропушти 13 натпревари.

Како и да е, сигурно сме дека ќе се врати на паркетот појак од претходно, а до тогаш само ќе го паметиме по досегашниот негов исход од 27.3 поени по натпревари.