Карабатиќ за чудото на СП: Се изненадивме, но јасно е дека нема слаби репрезентации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција го совлада Исланд 31-22 и направи чекор понатаму за пласман во полуфиналето на СП. Французите се сега први со седум освоени бодови, а работата додатно им се олесно откако Хрватска синоќа изгуби од Бразил.

Франција сега одлучува сама за себе, а Никола Карабатиќ за РТЛ го прокоментира и поразот на Хрватска од Бразил.

„Видовме дека Хрватска изгуби од Бразил. Концентрирани бевме само на натпреварот против Исланд и не сакавме ништо да калкулираме, но се изненадивме кога видовме дека Хрватска изгуби. Знаевме дека Бразил се добар тим и тоа е доказ дека денес во ракометот нема слаби момци, никој не смее да се потцени, а Бразилците против Хрватска и тоа како го покажаа својот квалитет“, изјави Карабатиќ, кој поради повреда, неговото учество на ова СП беше во прашање.

Сепак се приклучи и е една од главните алки во француската репрезентација.