Монако го допре дното, нов пораз и тоа од второлигаш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што се случува со фудбалерите на Монако, тоа веројатно никој жив не го знае.

Тие покрај сите маки кои ги имаат во Лига 1, синоќа испаднаа од Купот после пораз од второлигашот Мец, бидејќи на домашен терен изгубија 3-1.

Гостите неочекувано поведија во 32. минута кога мрежата на Субашиќ ја погоди Хеин. Сепак, само седум минути подоцна изедначи Фалкао и така и заврши полувремето.

Кога се мислеше дека Монако успеа да го скрши отпорот на гостите, се случи токму спротивното, Мец постигна два погодоци и се пласираше во осмина финалето.

За Монако ова беше 10 порази во последните 17 натпревари во сите натпреварувања и сосема е јасно дека столицата на Тиери Анри се тресе.

Инаку освен Мец, за осмина финале во Купот на Франција помеѓу останатите синоќа се изборија Гуингамп, Тулуз и Лил.