Проблеми во Мадрид: Бунт против Рамос во соблекувалната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се скарал со многумина во клубот, а неговиот однос со колегите ги премина сите граници, па сега се појавија нови проблеми на „Сантијаго Бернабеу“.

Рамос не зборува со Иско, а во последно време ја покажува својата нервоза и на теренот, најверојатно поради лошите резултати на клубот.

Шпанецот сака и нов договор со повеќе пари, зашто актуелниот му завршува за 18 месеци, а заработува 10 милиони евра годишно.

Сега бара продолжување на истиот до 2021 година и 18 милиони евра по сезона, но тоа дефинитивно ќе биде тешко да го добие.

Со заминувањето на Кристијано Роналдо, Рамос стана доминантен во соблекувалната, но притоа загуби голем број сојузници со кои се скара во последниот период.

Останува да видиме што ќе се случува со неговата иднина во „кралскиот клуб“, но доколку продолжи вака не му се пишува добро, иако е легенда на клубот.