Готово е: Уште само потпис го дели Челси од најсилното засилување во зимскиот преоден рок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гонзало Игуаин денес слета во Лондон, за да ги заврши сите формалности околу преминувањето во редовите на Челси.

Аргентинецот пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, потоа Плавите ќе можат да бираат дали ќе го задржат уште една години или да го откупат неговиот договор од Јувентус.

За потсетување, Пипито сезоната ја почна во Милан, како позајмен играч на „Старата дама“, но не се снајде на „Сан Сиро“, „Росонерите“ дигнаа раце од Аргентинецот и веќе му ангажираа замена.

Игуаин беше однесен на лекарски прегледи, сега стигна ифнормација дека и успешно ги минал, па останува само да стави параф на соработката со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Англиските медиуми сепак пренесуваат дека Игуаин нема да дебатира утре против Тотенхем во реванш мечот од Лига Купот, бидејќи нема да биде регистриран на време.

Така, Аргнетинецот ќе се сконцентрира на запознавање на новите соиграчи и прилагодување на новата средина.