Тренерот на Нант откри како ќе му оддадат почит на Емилијано Сала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Нант уште не можат да го преболат фактот дека нивниот поранешен соиграч е најверојатно мртов, а нивните солзи по секој натпревар го покажуваат тоа.

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала требаше да направи голем трансфер во Кардиф, но трагичната несреќа го запре на патот кон големиот успех.

Солзите на тренерот Вахид Халилхоџиќ доволно зборуваат, па јасно порача што ќе направат за да му оддадат почит на Сала.

„Ако ждрепката биде добра, тогаш ќе влеземе во финале. Така би му оддале почит“, кажа Халилхоџиќ.