Тројца фудбалери на Лион ограбени додека настапувале против Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лион завчера во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони одигра 0-0 против Барселона, а резултатот остана во сенка, откако тројца фудбалери на Лион биле ограбени.

Мемефис Депај во јуни минатата година беше ограбен додека настапи против Ница. Тогаш крадците го „олеснија“ со милион евра, а сега му биле украдени модни додатоци, а француската полиција не ја откри вредноста.

Останатите двајца фудбалери кои претрпеа штета со Депај се Лукас Тусар и Папе Чеик Диоп. Вратата на подрумот се оштетени, а и вратата на неговиот автомобил имал знаци дека се обидел некој да го украде.

Откако не успеале да го украдат автомобилот, крадците скокнале преку терасата и „украле“ многу дизајнерски работи.