Во Манчестер Јунајтед убедени дека ќе го добијат потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Манчестер Ивнинг Њус“ пишува дека во таборот на Манчестер Јунајтед се убедени дека ќе го обезбедат потписот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Екстра талентираниот англиски репрезентативец ќе биде една од најбараните мети на трансфер пазарот, а како најсериозен кандидат за да ги обезбеди неговите услуги е токму Манчестер Јунајтед.

Од Борусија Дормтунд се уште инсистираат дека фудбалерот не е на продажба, но понуда од 80 милиони фунти со сигурност ќе ги натера добро да размислат за да го пуштат фудбалерот да си замине.