Евертон ќе ги одбие понудите од Милан за нивниот најдобар играч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евертон ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на адреса на клубот од „Мерсисајд“ за нивниот најдобар играч, Ричарлисон.

За бразилскиот репрезентативец постои сериозен интерес од таборот на Милан кој е подготвен да издвои 40 милиони фунти за неговите услуги.

Миланезите неколку години го следеле напредокот на играчот кој блеска во Тотенхем, но веројатно нема да успеат да го обезбедат неговиот потпис.

Ричарлисон има 12 лигашки погодоци оваа сезона во дресот на клубот од Ливерпул.