„Алиоски е македонскиот Меси… Не! Меси е аргентинскиот Алиоски!“ (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија успешно ги почна квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако на „Филип Втори“ со 3-1 славеше против Летонија, а одличен меч имаше Елиф Елмас, но во центар на внимание беше и Езгјан Алиоски, кој постигна одличен гол.

Фудбалерот на второлигашот Лидс е во фантастична форма, а тоа го покажува во последно време за англиската екипа, а вчера и за македонската репрезентација, а неговиот гол ги израдува поддржувачите на тимот од „Островот“.

Англичаните имаа само пофални зборови за македонскиот репрезентативец, а некои од нив го споредија дури и со Лионел Меси.

„Македонскиот Меси… Во мојот дом Меси е аргентинскиот Алиоски…“, се дел од коментарите на Англичаните.