Хулк заминува од Шангај и се враќа во старото јато


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер од редовите на Шангај, Хулк наскоро би можел да си замине од Кина и да се врати во редовите на Порто каде се уште е сметан за култна личност.

32 годишниот фудбалер си замина од португалскиот клуб во 2012 година кога се реши да се пресели во Зенит Сант Петербург од каде пак направи милионски трансфер во Шангај во 2016 година.

Враќање во Порто најави и самиот фудбалер кој упати совет до португалскиот клуб да го остави дресот со број 12 слободен.

„Никогаш не знаете што може да се случи, но може да го зачувате дресот со број 12 слободен“- истакна Хулк.