Ѕвезда на Јувентус се закани: Сакам нов договор, инаку заминувам во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ би можел на лето да го напушти Јувентус, иако игра фантастично во редовите на италијанскиот шампион, но од неодамна почна да се поврзува со трансфер со Реал Мадрид.

Пјаниќ има договор со Јувентус до 2023 година, но италијанските медиуми пишуваат дека неговиот агент Фали Рамадани почнал да го уценува Јувентус.

Наводно, Рамадани бара нов и подобар договор доколку Јувентус сака да го задржи Пјаниќ, инаку во спротивно ќе почне преговори со Реал.

Се споменуваше претходно дека Јувентус од Реал би барал 80 милиони евра за трансферот на Пјаниќ, но останува да видиме дали ќе има вистина во тоа.

Пјаниќ во дресот на „Старата дама“ досега одигра 135 натпревари и постигна 19 голови.