Ретко кој ќе го почитува Конор после ова видео: Погледнете како му го разби телефонот на негов фан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да потсетиме, наскоро започнува судењето бидејќи Конор на еден фан му го зеде телефонот и му го уништи пред хотел, а денес се појави и видео од ова случување.

На истата се гледа како 22 годишниот Ахмед Абдирзан го снима Конор со употреба на блиц, а ова не му се допаднало на Конор, па му пришол на дечкото и го удрил, му го земал мобилниот и потоа го скршил.

Ова се случило на 11. март оваа година, а овие денови би требало да започне судењето во кое Конор би можел да се соочи со тешки последици, дури да добие и до шест години затвор.

Инаку, добра вест за Конор е тоа што тој нема да се соочи со граѓанска тужба, бидејќи дошло до вонсудска спогодба. Медиумите пренесуваат дека Ахмед добил 11.000 фунти за телефонот и емотивниот стрес.

Судењето започнува оваа седмица во Мајами, а Конор нема обврски лично да присуствоа на истото.

Подолу можете да го погледнете видеото.