Милан посакува француски репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угледниот медиум „Франс Фудбал“ пренесува дека од таборот на Милан сериозно ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат Флоријан Таувин од Марсеј.

Поранешниот фудбалер на Њукасл, кој воопшто не се снајде во Премиер лигата оваа сезона игра одлично и веќе има постигнато 15 погодоци на кои додал и девет асистенции за тимот на Марсеј.

Клубот од „Сан Сиро“ за услугите на францускиот репрезентативец ќе треба да плати сума од околу 40 милиони евра.