„Погледнав на семафорот и видов дека е 34-та минута, знаев дека тоа не е случајно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дони ван де Бек одигра, како и остаатокот од тимот на Ајакс, одличен меч во Торино против Јувентус, каде што славеа со 2-1 и обезбедија пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Своите успеси сезонава Ајакс му ги посветува на тешко настраданиот соиграч Абделхак Нури, кој во 2017 година падна на теренот во пријателскиот меч против Вердер Бремен.

Следуваше голема борба за неговиот живот. Долго време Нури беше во кома, а тоа остави голема трага на него и имаше оштетување на мозокот.

Нури беше најдобар пријател на Ван де Бек во екипата, а тој смета дека не постигнал случајно гол во 34. минута против Јувентус, зашто тој број го носел токму неговиот пријател.

„Го погледнав семафорот, откако постинав гол. Видов дека е 34. минута и едноставно знаев дека тоа не е случајно. Ова е навистина посебен момент“, вели 21-годишниот фудбалер.