БОМБА од Апенините: Медиумите тврдат, Конте се враќа во Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте потврди дека следната сезона се враќа на клупата, а италијански „Скај Спорт“ тврди дека неговиот следен клуб е Јувентус!

„Се уште не знам каде ќе бидам, но сигурно ќе изберам екипа која ќе има добар проект“, јасен беше Конте.

„Скај Спорт“ тврди дека Јувентус е тој проект и дека Италијанецот ќе се врати во Торино. Според нивните сознанија преговорите веќе се започнати.

За потсетување, Конте со „Старата дама“ освои три врзани Скудета, а во 2014. година го напишти клубот и премина во Челси.

Треба да се истакна дека некои медиуми тврдат дека Конте покрај Сари е главен кандидат за нов тренер на Рома, а порано се доведуваше во врска со Интер.