Потегот на Стерлинг по кој нема да ги задржите солзите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рахим Стерлинг е еден од играчите кои потполно ја докажа својата вредност кога во минатото беше под знак прашалник.

Веќе втора сезона, Англичанецот покрај Пеп Гвардиола расте во еден од најдобрите играчи на Англија, офанзивецот оваа сезона и во потесниот круг е во изборот за најдобар играч во Премиер лигата.

24-годишниот играч ќе ги плати сите трошоци од погребот на младиот питомец на Кристал Палас, Демери Доукинс кој трагично почина во тринаесеттата година.

Младиот фудбалер боледуваше од леукемија, Стерлинг неколкупати се состана со него и ја подигнуваше свеста во овој случај за да се најде донор за тинејџерот, но за жал акцијата не успеа на време да спаси млад живот.

„Демери беше посебен млад човек кој допре многу животи, вклучувајќи го и мојот. Беше еден позитивен дечко до самиот крај“, изјави Стерлинг.