Рекордна брзина на Мбапе: Го надмина Болт на натпреварот против Монако


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ во неделата славеше со победа од 3:1 со хет-трикот на одличниот француски напаѓач Мбапе, кој „заблеска“ и стана најмладиот играч кој има постигнато 30 погодоци за време од една сезона во Лига 1.

Освен тоа, измерена е брзината со која трчал во еден момент на натпреварот против Монако која достигнала дури 40 километри на час.

Тој и побегна на одбраната на Монако и постигна погодок со 1:0 во петнаесетата минута во склоп со асистенцијата на Дијаби.

Споредби направи Marca, па како што истражувале низ блиската фудбалска историја, најбрзи играч бил Нејмар со 34.83 километри на час, додека најголемата брзина која е достигната била онаа која ја постигн Арјен Робен од Баерн со 37 километри на час на еден меч на СП.

Просекот на Усаин Болт, еден од најбрзите луѓе на планетата земја е некаде околу 36.7 километри на час со што можете да претпоставите колку е брз младиот Французин за кој веќе копнеат најголемите клубови во светот на чело со Реал Мадрид.