Клоп: Што ќе направам ако Сити ја освои титулата? Ќе им честитам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити на три кола пред крајот на англиската Премиер Лига има еден бод предност во однос на Ливерпул.

Секој кикс на еден од овие тимови на противникот ќе им ја донесе титулата, за сега во предност е Сити кој со победата на Олд Трафорд против градскиот ривал Јунајтед се искачи на врвот.

Менаџерот на Ливерпул, Клоп во историјата на Редсите би бил запишан како првиот човек кој им ја донел титулата на Премиер лигата која тимот од Енфилд ја чека 29 години.

Германскиот стручњак е свесен дека Сити е во предност, но изјави дека ќе им честита ако ја освојат титулата.

„Што ќе направам ако Манчестер Сити ја освои титулата? Ќе им честитам! Тие навистина играат фантастична сезона. Константно се многу добри и играат одлично“, рече Клоп.