Десетката на Челси добива нов сопственик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По се изгледа трансфер сагата поврзана околу Еден Азар е завршена и тој од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

„Л’Екип“ пренесе дека двете страни се многу блиску до договор и дека трансферот веројатно ќе биде објавен на јавноста по крајот на финалето во Лига Европа. За услугите на Азар, Реал Мадрид на Челси ќе му плати сума од 85 милиони фунти.

Извесно е и заминувањето на Сари, па на негово место би требало во клубот да стигне Френк Лампард кој ќе му ја даде целата потребна поддршка и доверба на Калум Худсон Одои кој ќе биде нова десетка на клубот од Лондон.

Одои е трансфер мета на Баерн Минхен, но со заминувањето на Азар тој скоро сигурно нема да си замине од „Стемфорд Бриџ“ и ќе биде негова замена за следната сезона.