Варан се огласи по шпекулациите дека заминува од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан стави точка на шпекулациите дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на лето.

Таквите шпекулации разбудија интерес кај многу европски гиганти, кои го посакаа стоперот, меѓутоа таков трансфер нема да видиме летово, а тоа го потвди и Варан.

„Ќе играм и наредната сезона за Реал Мадрид. Сигурен сум дека може да оживееме силни емоции. Оваа сезона ни недостигаше малку оган во некои моменти, не бев ниту јас најдобар, но наскоро ќе се вратиме во форма“, вели Варан.

Голема доверба во Варан има и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој е убеден дека фудбалерот ќе ја врати самодовербата и повторно ќе биде еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот.

Варан пристигна во Реал од Ленс во 2011 година, а досега настапи 276 пати за „кралскиот клуб“.