Азар одговори на шпекулациите за потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар одамна се поврзува со Реал Мадрид. Одличниот Белгиец треба да биде еден од најважните фудбалери на „кралскиот клуб“, а многумина сметаат дека неговиот трансфер од Челси во Реал ќе биде реализиран по финалето во Лига Европа.

„Марка“ неодамна соопшти дека е постигнат договор меѓу сите страни, па Азар наскоро ќе потпише шестгодишен договор со Реал.

„Не размислувам за тие работи. Мислам само на победа во финалето, а потоа ќе се случи тоа што мора да се случи“, вели Азар.

Да потсетиме, Азар и претходно порача дека донел одлука за својата иднина.

„Да, донесов одлука, но не зависи само од мене. Јас решив, тоа е тоа“, кажа тогаш Азар.

Да потсетиме, финалето во Лига Европа меѓу Челси и Арсенал се игра во среда, на 29 мај, во Баку.