„Не доаѓаше на тренинзи затоа што во Реал не ги славевме неговите голови“

Легендарниот шпански тренер, Винсенте дел Боске во период од 1999 до 2003 година беше предводник на Реал Мадрид, а вчера во интервју за „Марка“ откри интересни случувања од тоа време.

Посебно интересни детали откри за напаѓачот Николас Анелка, кој за време на Дел Боске во Реал остана само една година.

„Анелка беше фудбалер, кој многу нè чинеше. Реал Мадрид на него загуби пет милиони евра, а потпиша како да е ѕвезда. Еден ден во соблекувалната му реков дека не сме среќни поради неговиот успех, како и дека нема да ги славиме неговите голови. На тренинг не доаѓаше неколку дена“, вели Дел Боске.

Анелка во текот на кариерата најмногу играше во Англија, а најуспешен беше во Челси, кадешто постигна 38 гола на 125 настапи.

Advertisements