Играч на Лион истакна дека сака да игра во тим предводен од Пеп Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Лион, Хосем Аурар призна дека би бил заинтересиран да заигра во тим предводен од Пеп Гвардиола.

На прашање дали би заиграл за тимот на Сити, Аурар даде изјава која ги подгреа шпекулациите дека ќе се пресели на Островот.

„Не би сакал да одам во Сити? Тоа е голем европски клуб и сите играчи сакаат да играат за најдобрите европски клубови, клуб кој е предводен од Пеп Гваридола кој за мене е пример за тренер. Гвардиола видел се претходно. Екстремно е добро да играш во неговите тимови и тоа е тоа што го сакам“ –истакна Аурар.