Охрабрување за Челзи неколку часови пред финалето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Останаа неколку часови до финалето во Лига Европа помеѓу Челзи и Арсенал.
Емери и Сари ги решаваат последните недоумици пред средбата која ќе почне во 20:45 минути по централно европско време.

Според извештаите на СкајСпорт охрабрувачка вест стигна од Сари кој на располагање би требало да го има Канте.

Канте пред неколку денови дојде до повреда на коленото, па неговиот вечерашен настап беше во голем знак прашалник.

Францускиот репрезентативен утринава имаше фитнес тест со позитивен исход и тоа би значело дека вечерва тој би можело да игра во првиот состав, а во најлош случај би можело да биде и на клупата.

Покрај тоа, вечерва, Еден Азар го игра последниот меч за Челзи, а додека од редовите на Арсенал од фудбалот ќе се опрости и Петар Чех.