Милан ќе вработи тренер кој се прослави во Порто!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Милан го отпушти Џенаро Гатузо по година ипол мандат на „Сан Сиро“, откако италијанскиот тренер не успеа да се пласира во Лигата на шампиони.

Прв кандидат за нов тренер е Сержио Консеисао, португалски тренер, кој имаше добри резултати со екипата на Порто.

Сопствениците на Милан го посакува на клупата. Засега Консеисао е главен избор и многу лесно би можел да седне на клупата на „росонерите“.

Консеисао како фудбалер имаше долгогодишна кариера во Италија, кадешто настапуваше за Лацио, Парма и Интер, а тренерската кариера ја почна во белгиски Стандард.

Таму имаше улога на помошник, а потоа работеше во Олханенсе, Академика, Брага, Виторија Гумараеш и Нант.