Нема да им се допадне ова на навивачите: „Марка“ објави изјава на Азар за – Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар синоќа официјално стана нов фудбалер на Реал Мадрид, кадешто потпиша петгодишен договор и ќе биде претставен следната недела.

Драмата околу трансферот на Азар траеше половина година, а синоќа клубовите конечно објавија дека се договорле.

Интересно е тоа што шпанските медиуми веднаш се сетија на изјавата на Лионел Меси, која нема да им се допадне на навивачите на Реал.

„Марка“ објави изјава на Азар, кога тој кажал дека за него Лионел Меси е најдобар фудбалер во историјата и нема никаква конкуренција.

„Велите дека постојат двајца најдобри фудбалери во историјата? Нема шанси! Има само еден и тоа е Лионел Меси“,  кажал Азар.

Азар претходно настапуваше за Челси, на кој му помогна да освојат неколку трофеи во претходните години.