Докторите на Реал се воодушевени од Јовиќ: Овој човек е како плакар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот српски напаѓач Лука Јовиќ со Реал Мадрид потпиша шестгодишен договор, а потоа беше претставен пред новинарите и навивачите.

Пред потписот на договор 21-годишниот фудаблер имаше медицински прегледи во медицинскиот центар, а докторите на Реал останале воодушевени.

„Медицинскиот персонал на Реал Мадрид бил воодушевен од физичката состојба на Лука Јовиќ. Овој човек е како плакар“, пишуваат шпанските медиуми.

Неговиот изглед тоа го потврдува. Сега на него останува да потврди зошто потпиша со еден од најголемите клубови во светот и ќе добие шанса да го докаже тоа.

Јовиќ минатата сезона одигра 48 меча за Ајнтрахт Франкфурт во сите натпреварувања, а притоа постигна 27 гола и седум асистенции.