Флорентино Перез не запира: Во Реал пристигна „јапонскиот Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид постигнаа договор за ангажман на 18 годишниот јапонски фудбалер од навалната линија, Такефуса Кубо.

Кубо е посочен како еден од најталентираните фудбалери на својата позиција и токму затоа доби понуда која не се одбива од таборот на Реал Мадрид. Младиот фудбалер следната сезона ќе ја помине во Кастиља од каде ќе чека шанса за тренинг и настап и во првиот тим.

„Технички добро поткован талентиран играч од средниот ред со офанзивни карактеристики. Поседува прекрасна визија, брз е и има око за гол“- се вели во соопштението од Реал Мадрид.

Кубо веќе има деби за репрезентацијата на Јапонија, а во моментов е во Бразил каде се подготвува за настап напретстојната Копа Америка каде Јапонија е земја гостин на ова натпреварување.

Пристигнувањето на Кубо во Мадрид не значи дека тој за прв пат доаѓа во Шпанија затоа што претходно на девет години беше дел од Ла Масија, школата на Барселона.

За Токио оваа сезона на 13 настапи, Кубо има постигнато четирипогодоци и четири асистенции.