„Бомба“ од Мадрид: Феликс прави мега-трансфер во Шпанија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жоао Феликс, неверојатниот 19-годишен фудбалер на Бенфика, кој минатата сезона постигна 20 гола и 11 асистенции, би можел наскоро да се пресели во Шпанија.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Жоао Феликс ќе се пресели во Мадрид, односно во екипата на Атлетико, кој е подготвен за него да плати неверојатни 120 милиони евра.

Португалските медиуми пишуваат дека агентот Жорж Мендеш не сака неговиот клиент да се пресели во Мадрид, но доколку Атлетико понуди примамливи услови, сигурно Феликс нема туку-така да се откаже од понудата.

„Марка“ и „АС“ пишуваат дека целиот трансфер е договорен, само се очекуваат уште неколку детали да се договорат и потоа официјално да се потврди спектакуларниот трансфер на Португалецот.