Шкендија ги дозна потенцијалните противници во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкендија ги дозна своите потенцијални противници за првото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Македонскиот шампион е носител во првото коло, па доби пет можни противници, а тоа се Клуж од Романија, Судува од Литванија, Арарат од Ерменија, Ном Каљу од Естонија и Ференцварош од Унгарија.

Тетовци ќе бидат фаворити во секој случај во првото коло, но сигурно ги очекува тешка пресметка, зашто ниту еден од тимовите не е за потценување, иако не се некои звучни противници.