Познат потенцијалниот противник на Шкендија во второто квалификациско коло од ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкендија вчера го доби првиот противник во квалификациите од Лигата на шампиони (ЛШ) и тоа беше Номе Калју, релативно лесен противник, но затоа по денешната ждрепка во Нион, Тетовци дознаа дека ги чека пекол во второто квалификациско коло.

Македонската екипа за противник го доби поранешниот европски шампион Селтик, кој би можел да биде нивни потенцијален противник во второто квалификациско коло, доколку го помне Номе Калју.

Шкендија дефинитивно немаше среќа во ждрепката, но сепак Селтик мора да го елиминира босанскиот шампион Сараево, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.

Првите натпревари ќе се одиграат на 22 и 23 јули, а реваншите се една недела подоцна.