Дибала стигна во Торино, следи разговор со Сари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со обзир на тоа што Паоло Дибала играше со репрезентацијата на Копа Америка, Дибала ова лето доби продолжен годишен одмор, а во Тренинг центарот на славниот италијански клуб се појави денес, како што и беше најавено.

Некои медиуми во Италија најавуваа дека Дибала воопшто нема да дојде во Торино, туку дека од одморот ќе продолжи право во Манчестер Јунајтед на завршни преговори со Јунајтед околу преминување во овој клуб, но сепак тоа не се случи.

Скај Спорт објави видео на кое Дибала денес се појави во Торино, но не за да започне со тренинзи за старт за новата сезона со Јуве, туку за да разговара со Сари за својата иднина.

За сега има многу опции кога е во прашање иднината на Дибала. Манчестер Јунајтед беше најконкретен, но медиумите јавуваат дека тој ја одбил понудата за преминување на Олд Трафорд, односно размена за Ромелу Лукаку.

Сепак, без обзир на тоа, Дибала има намера да го напушти Торино, а за сега неговата наредна дестинација сеуште не е позната.